СЕХА лигата денеска го објави идеалниот тим на регуларниот дел од сезоната во кој се најдоа вкупно четворица ракометари од македонските екипи Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. За МВП на Сеха лигата е избран Јосип Периќ кој е воедно и најдобар среден бек.
Невен Стјепановиќ од Еурофарм Пелистер е прогласен за најдобар десен бек, а Жељко Бабиќ е најдобар тренер на регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата.
За најдобро лево крило е избран Тимур Дибиров од Вардар 1961, додека неговиот клупски колега Клеб Каладаш е прогласен за најдобар дефанзивец..
СЕХА ALL STAR тим: Матеј Асанин (ППД Загреб), Невен Стјепановиќ (Еурофарм Пелистер), Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер), Оливер Рабак (Татран Прешов), Вукашин Воркапиќ (Металопластика), Влачаслав Бокан (Мотор Запорожје), Тимур Дибиров (Вардар 1961)