Серијата од четири победи на Кливленд Гардијанс беше прекината со синоќешниот пораз од Сан Франциско Џајантс од 1-4.
После седум ининзи, резултатот гласеше 1-2, но со двата поени во осмиот период, Џајантс го заверија третиот последователен триумф.
Единствен поентер од домашните редови беше Хозе Рамирез, кој го искористи пожртвуваниот удар на Овен Милер.
На спротивната страна, по еден хоум-ран постигнаа Брендон Крофорд, Џок Пидерсон и Џои Барт, а Таиро Естрада освои четири бази.
Во Националната лига, Џајантс (5-2) паднаа на второто место, додека Гардијанс (4-3) се петти во Американската конференција.