Во дербито на 42. коло од англискиот Чемпионшип, Лутон го порази Нотингем со минимални 1-0.
За ,,Шеширџиите”, ова беше прва домашна победа над истиот ривал после 11 декември 2007.
Голманот на домаќините, Џејмс Шеј, имаше неколку квалитетни одбрани, но сепак, победоносен беше голот од пенал на Кал Нејсмит (37′).
Избраниците на Нејтан Џонс покажаа груба игра, при која, со еден жолт картон се здобија шест фудбалери, а двапати во бележникот на судијата Џејмс Линингтон влезе Сони Бредли, кој го остави Лутон со десетмина на теренот во 77. минута.
На табелата, Лутон го презеде четвртото место токму од Нотингем, кој падна на петтата позиција.