Детроит Пистонс, на домашен терен, ја пречекаа екипата на Јута Џез за првпат после речиси една година.
Сепак, домашниот терен повторно не претставуваше никаква предност за Детроит бидејќи Јута победи по деветти пат во низа во меѓусебните средби.
Имено, кошаркарите на Џез ги добија Пистонс со конечни 86-96, за втор триумф во низа и скок на третата позиција на Западот со учинок од 6-4.
Признанието за најефикасен играч на теренот го поделија двајца кошаркари со по 28 поени, односно Донован Митчел (Јута) и Џерами Грант (Детроит).
📸 Detroit Pistons



