Искусниот и квалитетен интернационален македонски стопер кој последните пет години ги помина во кипарски Аек Ларнака во кој што запиша 98 настапи веќе не е дел од клубот. На Кипар во клубот друштво му правеа сонародниците Иван Трчковски кој е капитен на Аек и Стефан Спировски.
Управата решила дека веќе не им се потребни услугите на Мојсов кој што во последно време имаше голем број на повреди кој го оддалечија од првиот тим и настапи во првенството.
Даниел Мојсов има и големо репрезентативно искуство, а во својата кариера на клупски план настапуваше за тимовите на: Македонија Ѓорче Петров, Вардар, Војводина, Бран, Лирс, Адана и Аек Ларнака. Сега Мојсов е во потрага по нов клуб, па не е исклучена и можноста да игра и во домашниот шампионат.