Во НФЛ, традиционално уште од 1934 година, за Денот на благодарноста, некоја екипа гостува во Детроит.
Оваа година, Лионс им беа домаќини на Хјустон Тексанс во првиот од двата ,,благодарни” натпревари.
Накрај, ,,Лавовите”, по четири пати во низа на Денот на благодарноста, се покажаа како добри домаќини, бидејќи им дозволија на гостите да го однесат триумфот со резултат од 25-41.
Тексанс имаа доминација и контрола во поголемиот дел од мечот, а пред сè во второто полувреме.
Детроит водеше само двапати во почетната фаза при резултат од 7-0 и од 14-13.
За Тексанс, неверојатен беше квотербекот Дешон Вотсон со 318 освоени јарди од 17/25 обиди за додавање и четири уфрлени тачдауни. Од фаќачите, Вил Фулер беше најдобар со два тачдауни и шест фаќања за 171 јард. Освен него, за Тексанс, преку напаѓачко полагање, поентираа Дук Џонсон и Си Џеј Просис, а еден ,,пик-6″ додаде и Џеј Џеј Вот. Од шутевите, прецизен беше Ка’ими Фербирн.
Што се однесува до поентерите на домаќините, освен шутерот Мет Прејтер, придонесоа уште Адриен Питерсон (х2) и Мохамед Сану.
После меѓусебната средба, двете екипи имаат учинок од 4-7, заземајќи ги 11. и 12. позиција во своите конференции.
Во соработка со НФЛ Македонија



