сабота, јануари 16, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Трета победа и четврти подиум по ред за Петра Влхова

Епов Насе ✏️ Епов Насе
ноември 26, 2020
📁 Останато, Спорт

Четвртото индивидуално натпреварување од новата сезона на Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција се состоеше од паралелен слалом, одржан во Цирс, Австрија.
Главното натпреварување започна од осмина-финалните дуели, а сите скијања се одвиваа во две серии.
Изненадувањата не недостигаа ни денес, како што е чест случај со паралелните трки, а најголемото од нив беше пласманот во финалето на Американката Пола Молтцан.
За неа, ова беше прв подиум во кариерата, а за првата победа требаше да ја порази само Петра Влхова во големото финале.
Сепак, Влхова ги покажа своите перформанси и го запиша третиот врзан триумф, односно четвртиот врзан подиум сезонава. Словачката скијачка се покажа најдобро во финалето, а беше одлична и во вторите серии од сите три претходни денешни дуели, елиминирајќи ги Адријана Јелинкова, Федерика Брињоне и Сара Хектор.
Во малото финале, Хектор беше поразена од Лара Гут-Бехрами, која се искачи на подиумот за првпат после 22 февруари, кога триумфираше на спустот во Кран-Монтана.
Освен споменатите четири натпреварувачки, пласман во првите десет изборија уште Марта Басино, Теа Луис Стјернесунд, Федерика Брињоне, Елиза Морцингер, Марина Гасиеница-Даниел и Адријана Јелинкова.

Tags: Алпско скијањеВлховаПаралелен слаломЦирс
ShareTweet
Претходна вест

Трактор се спаси, а потоа и триумфираше над Автомобилист

Следна вест

(ВИДЕО) Детроит и Хјустон го отворија Денот на благодарноста

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на зимските и на англиски фудбал.

Слични вести

Полуфиналето краен дострел за Ѓорческа
Спорт

Полуфиналето краен дострел за Ѓорческа

✏️ Предраг Јанчески
16/Јан/2021
Со ,,Пантерски скок” до победа над КК Работнички
Кошарка

Со ,,Пантерски скок” до победа над КК Работнички

✏️ Предраг Јанчески
16/Јан/2021
(Фото) Пелистер не признава фаворити во Битола падна и МЗТ
Кошарка

(Фото) Пелистер не признава фаворити во Битола падна и МЗТ

✏️ Предраг Јанчески
16/Јан/2021
Македонија со трофеен тренер од Хрватска во футсал репрезентацијата
Спорт

Македонија со трофеен тренер од Хрватска во футсал репрезентацијата

✏️ Предраг Јанчески
16/Јан/2021
Следна вест
(ВИДЕО) Детроит и Хјустон го отворија Денот на благодарноста

(ВИДЕО) Детроит и Хјустон го отворија Денот на благодарноста

Последно

Полуфиналето краен дострел за Ѓорческа

Со ,,Пантерски скок” до победа над КК Работнички

(Фото) Пелистер не признава фаворити во Битола падна и МЗТ

Македонија со трофеен тренер од Хрватска во футсал репрезентацијата

(Видео) Хит на Мундијалот! Најдебелиот пикер во историјата

Младата репрезентативка Ајдини ќе ги брани боите на ЖФК Истатов

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.