
Чикаго Блекхокс дојдоа до првата победа после четирите порази, откако синоќа, во вистинска голеада, славеа над Детроит Ред Вингс со 5-8.
Чикаго стекна убедлива предност од 0-4 после првата третина, реализирајќи 4/16 шутеви.
Сметката за високата успешност од 25% на гостите ја плати Американецот со српско потекло, Алекс Недељковиќ, кој беше заменет со резервниот голман – Калвин Пикард.
Во вториот период, Детроит заби три погодоци и овозможи неизвесен трет дел, каде што, сепак, Блекхокс издоминираа со 2-4, поставувајќи го конечниот резултат.
Од победничките редови, хет-трик запиша Дилан Сторм, двапати погоди Алекс ДеБринкат, а по еднаш стрелаа Брендон Хагел, Сем Лаферти (прв гол за Чикаго) и Доминик Кубалик.
На спротивната страна, во листата на стрелците се запишаа пет хокеари, односно Роби Фабри, Тајлер Бертуци, Пиус Сутер, Моритц Зајдер и Дилан Ларкин.
Во Источната конференција, Детроит се наоѓа на деветтата позиција, додека Чикаго остана на четиринаесеттото место на Западот.