
Во последниот меч од регуларната сезона на НФЛ, Детроит Лионс ги поразија дивизиските ривали, Грин Беј Пекерс, со 16-20.
За Пекерс, ова беше прв домашен пораз од Детроит после 2018, кој ги остави без плејоф за првпат, откако кормилото го презеде Мет ЛаФлер на почетокот на 2019.
На мечот, домаќините водеа со 9-3, но од средината на втората четвртина, гостите ја презедоа иницијатива и заслужено стигнаа до триумф.
За победничкиот состав, два тачдауни постигна Џамаал Вилијамс, квотербекот Џеред Гоф уфрли 224 јарди од 23/34 прецизни додавања, а останатите поени беа дело на шутерот Мајкл Беџли.
На спротивната страна, Мејсон Кросби запиша десет поени, тачдаун имаше Ален Лазард, а Арон Роџерс освои 205 јарди од 17/27 обиди.
Во Националната конференција, Детроит (9-8) заврши на осмото место, додека Грин Беј (8-9) остана на десеттата позиција.