По шесте врзани порази, Чикаго Булс успеаја да ја пронајдат правата игра и синоќа со 115-107 ги совладаа Бруклин Нетс.
Нетс и покрај отсуството на Џејмс Харден и на Кевин Дурент, сепак важеа за поголеми фаворити, но накрај доживеаја прекин на серијата од четири триумфи.
Имено, Чикаго ја презеде резултатската позитива од втората четвртина и ја држеше сè до самиот крај.
Од домашниот состав, Зек ЛаВин беше најефикасен со 25 кошеви, а дабл-дабл забележаа Никола Вучевиќ (22 поени и 13 скокови) и Томаш Саторански (19 поени и 11 асистенции).
Кај поразениот тим, Кајри Ирвинг беше најистакнат со дабл-дабл учинок од 24 поени и од 15 асистенции.
На табелата на Источната конференција, Булс (20-28) го заземаат десеттото место, додека Нетс (34-16) се наоѓаат на втората позиција.
📸 Jonathan Daniel/Getty Images



