Сезоната 2020/21 од Светскиот куп во биатлон заврши денес со трките по масовен стар во машка и во женска конкуренција, проследени со силен ветар и со голем број на промашаи.
Кај жените, до првата победа во кариерата, а воедно и до кристалниот глобус во оваа дисциплина дојде Ингрид Ландмарк Тандерволд (34:53,1).
На второто место се пласираше најдобрата млада натпреварувачка, Ѕинара Алимбекава (+6,9), а Франциска Пројс (+11,1) го комплетираше подиумот.
Новата шампионка на Светскиот куп, Тирил Екоф (+29,2), заврши на седмото место со осум промашени стрелања.
Во машка конкуренција, Симон Дестио (35:43,7) триумфираше по вторпат во кариерата, пред Едуард Латипов (+8,9) и пред Јоханес Тингнес Бо (+17,5).
Третото место на Бо значеше и освојување на малиот кристален глобус во оваа дисциплина, како и на големиот кристален глобус во генералниот поредок.
Неговиот најблизок конкурент, Стурла Холм Лагреид, беше потполно во игра во пресрет на денешната трка, но ги загуби шансите за титула со освоеното осмо место (+48,4).
📸 Christian Manzoni/NordicFocus/Getty Images