Женската ракометна репрезентација на Maкедонија славеше и во третиот меч овој пат против Грција со 20-19 и ги заврши настапите во квалификациите за Светското првенство на турнирот кој се играше во Скопје. По победите над Исланд и Литванија местото во баражот за СП 2021 беше обезбедно, па денешниот меч се играше без резултатско значење.
Најдобри во составот на Македонија беа голманката Мицевска со 12 одбрани и Ристовска со 10 гола, кај Грција се истакна Чаципарадису со 6 погодоци.