За првпат после 30 јули 2020, градското дерби на Њујорк беше дел од програмата на НХЛ.
Имено, синоќа, Њујорк Ајлендерс по вторпат во низа ги добија Њујорк Ренџерс, триумфирајќи со 0-4.
Во првата третина, за Ајландерс погодија Брок Нелсон, Андерс Ли и Метју Барзал, а во вториот дел, Ли, со вториот гол на мечот, го постави конечниот резултат.
Одличен на голот на номиналните гости беше Семјон Варламов, кој имаше стопроцентен учинок од 24/24 одбранети противнички удари кон својот гол.
📸 Bruce Bennett/Pool Photo via AP



