Поранешниот хокеар на ЦСКА Москва, 23-годишниот Кирил Капризов, во летниот преоден рок се пресели во Минесота Вајлд.
Русинот синоќа дебитираше во НХЛ со две асистенции во регуларниот дел и со дебитантски погодок за победа во продолжението.
Имено, Минесота славеше со 3-4 над ЛА Кингс во првиот нивен натпревар сезонава.
Останати стрелци за Вајлд беа Јонас Бродин, Виктор Раск и Маркус Фолињо, додека за домашниот состав погодија Џеф Картер, Андреас Атанасиу (првенец во дресот на Кингс) и Дастин Браун.
📸 Florida News Times



