
Во дербито на единаесеттото коло од англиската Лиг 1, Ипсвич го запиша првиот овосезонски пораз.
Имено, популарните ,,Трактор Бојс” беа надиграни на гостувањето кај Плимут Аргајл со 2-1.
Ипсвич одлично го започна дуелот и после првото полувреме водеше со 0-1, благодарение на Фреди Ладапо (39′).
Сепак, во интервал од шест минути во вториот дел, пресвртот на ,,Аџиите” го комплетираа Бали Мумба (69′) и Морган Витакер (75′) со два ,,еврогола”.
На табелата, Плимут го презеде првото место од денешниот ривал, Ипсвич, кој падна на третата позиција.




