Во периодот помеѓу двете сезони, Роб Едвардс тајно го напушти шампионот на Лиг 2, Форест Грин и без никакво известување потпиша договор со Вотфорд.
Неговото заминување наиде на сериозни критики од страна на сопственикот на Форест Грин, Дејл Винс, но Едвардс не се откажа од своите намери.
Сепак, после осумдесет и осум дена на клупата на ,,Стршлените”, Англичанецот доби отказ, оставајќи го Вотфорд на десеттата позиција во Чемпионшип после десет одиграни кола.
Таборот на минатогодишниот премиерлигаш веќе го назначи и новиот менаџер за претстојниот дел од сезоната.
Станува збор за Хрватот Славен Билиќ, кој потпиша договор со клубот од ,,Викериџ Роуд” на осумнаесет месеци.
Билиќ, во тренерската кариера, освен хрватската сениорска и У21 репрезентација, ги предводеше Хајдук, Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, Ал-Итихад, ВБА и Пекинг Гуоан.