
Петнаесеттото коло од англиската Лиг 1 беше отворено со победата на Ипсвич од минимални 1-0 над Дерби Каунти.
Домаќините беа подобар ривал во текот на целиот натпревар, но не успеваа доволно да ги реализираат своите шанси.
Сепак, во второто полувреме, Вес Барнс (67′) ја искористи грешката во одбраната на Куртис Дејвис и стрелаше за конечен триумф на популарните ,,Трактор Бојс”.
На пет минути пред крајот, домашниот состав имаше шанса да ја удвои предноста, но Кејден Џексон промаши пенал.
Имено, неговиот удар беше успешно одбранет од голманот Џоу Вајлдсмит, кој на последните два натпревари, ја зачува мрежата при три шутеви од белата точка.
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Ипсвич го зазема второто, а Дерби – деветтото место.