
Домаќинот на Светското првенство во Т20 крикет, Австралија, очајно ја започна втората фаза.
Имено, во првото коло, Австралијците беа декласирани од Нов Зеланд со 111/10 (17.1) – 200/3 (20).
Од фрлачите на победничкиот состав, најзаслужни за триумфот беа Тим Саути (3-6) и Митчел Сантнер (3-31), кои постигнаа хет-трик.
Кај Австралија, единствени со над дваесет поени во нападот беа Пет Каминс (21) и Глен Максвел (28).
На спротивната страна, најефикасни кај гостите беа Девон Конвеј (92*) и Фин Ален (42).
На табелата на групата А, Нов Зеланд изби на врвот и направи голем чекор кон пласманот во полуфиналето, иако има уште четири кола.




