
Првиот натпревар од шкотскиот фудбал, одигран со присуство на ВАР технологијата, беше воедно и увертира на дванаесеттото коло на Премиершип.
Во него, Ст. Џонстон, како аутсајдер, го победи Хиберниан во Единбург после пресврт со 1-2.
Хиберниан поведе во првото полувреме преку дебитантскиот погодок на Микола Кухаревич (35′), но остана со играч помалку во седумдесеттата минута, кога втор жолт картон доби Кајл Магенис.
,,Светците” веднаш успеаја да ја искористат играчката предност и со двата брзи погодоци на Николас Кларк (73′) и на Стиви Меј (82′) го запишаа првиот триумф после серијата од три порази.
На табелата, Хиберниан, барем на еден ден, остана на третото место, додека Ст. Џонстон се искачи на деветтата позиција.




