Денешниот ден во КХЛ беше резервирано за две дербија. Едното од нив беше ,,Зеленото дерби”, а другото – ,,Армиското дерби”.
Во првото, на Истокот, традиционално силите ги одмерија Салават Јулаев Уфа и АК Барс Казањ. Домаќините од Уфа релативно убедливо ги надиграа своите противници за првпат после петте меѓусебни порази.
Хокеарите на Салават славеа со 7-3, а стрелци на головите беа Александер Кадејкин, Џеф Плет, Сакари Манинен и неверојатниот Теему Хартикаинен (х4).
За гостите од Казањ, погодија ,,само” Стефан Да Коста, Андреј Педан и Данис Зарипов.
Во вториот дуел се соочија СКА Ст. Петербург и ЦСКА Москва. Откако по регуларните шеесет минути, резултатот гласеше 2-2, ЦСКА успеа да триумфира во продолжението со голот на Константин Окулов.
Освен него, за московскиот тим погодија Артјом Сергејев и Иван Телегин, а претходно, двапати водство на домаќините им донесе Андреј Кузменко.
📸 Yegor Aleyev\TASS via Getty Images