Првиот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во ски скокови, веднаш после Новогодишната турнеја, се одржа во германскиот Титизее-Нојштадт.
На денешното второ натпреварување, најдобар беше Халвор Егнер Гранеруд, кој дојде до својот шести триумф сезонава.
На второто место заврши неговиот сонародник, Даниел Андре Танде, кој се пласира на подиум во индивидуална конкуренција за првпат после 28 февруари, кога беше трет во Лахти.
После исто толку време, првиот подиум го освои и актуелниот шампион – Штефан Крафт.
Во првите десет се пласираа уште: Маркус Ајзенбихлер, Мариус Линдвик, Давид Кубацки, Рјоју Кобајаши, Јукија Сато, Јакуб Волни и Даниел Хубер.
Од фаворитите, потфрлија Карл Гајгер, Анже Ланишек, Пјотр Жила, Камил Штох и Роберт Јохансон, кои завршија во втората квалитетна група.
📸 FABRICE COFFRINI/AFP via Getty Images