Денвер Нагетс им го нанесоа седмиот врзан пораз на Хјустон Рокетс, откако синоќа ги совладаа со 111-124.
Хјустон имаше резултатска позитива во текот на целата прва четвртина, но од вториот квартал, па сè до крајот, Нагетс го презедоа и го зголемија водството до максимални +31.
Кај Денвер, двајцата најефикасни кошаркари, воедно постигнаа и дабл-дабл учинок – Никола Јокиќ (24 поени и 11 скокови) и Факундо Кампацо (22 поени и 12 асистенции).
На спротивната страна, поентерски најрасположени беа Џејлен Грин и Кенјон Мартин Џуниор со 29, односно со 15 кошеви.
Хјустон (10-27) остана на последната позиција на Западот, додека Денвер (18-16) скокна на петтото место.