
Дербито на шестото коло во италијанската Серија Б го одиграа екипите на Асколи и на Бреша.
Домаќините, на својот ,,Стадио Чино е Лило Дел Дука”, го отворија мечот со два брзи погодоци на Федерико Дионизи (17′) и на Џанфилипо Феличоли (23′) за водство од 2-0.
Сепак, гостите од Ломбардија до крајот на мечот ја презедоа иницијативата и направија целосен пресврт.
Голгетери за популарните ,,Ластовички” беа Андреа Чистана (44′), Џон Шанселор (60′) и Марко Пајац (73′ од пенал), кои ги постигнаа своите први голови во сезоната.
На табелата, со новите три бодови, Бреша дојде до втората позиција, потиснувајќи го Асколи на третото место.



