Второто натпреварување во историјата на женската нордиска комбинација, односно прво во новата сезона од Светскиот куп, се одржа во Лилехамер, Норвешка.
После одличното скијање во втората серија, домашната натпреварувачка, Гида Вестволд Хансен (15:52,4) дојде до првата победа во кариерата, надоместувајќи цели 39 секунди во однос на скокачкиот дел.
Токму одличниот скок ѝ донесе добра основа за второ место на нејзината сонародничка, Мари Линан Лунд (+8,4), додека 18-годишната Италијанка, Аника Сиф (+56,1), го комплетираше подиумот.
Во продолжение, сите останати конкурентки заостануваа над една минута, а пласман во топ 5 изборија Лиза Хирнер (+1:25,3) и Ида Марие Хаген (+1:31,2).