
На денешната програма во Рука, Финска, беа вторите овосезонски натпреварувања од Светскиот куп во алпско скијање во дисциплината ериалс.
Кај дамите, олимписката вицешампионка од Сочи 2014, Жу Менгтао, триумфираше со вкупен учинок од 99,49 освоени поени.
Победничката на првата трка, Фанју Конг (95,52), го освои второто место, а третопласирана беше Белорусинката и актуелната олимписка шампионка – Хана Гускова (94,60).
Сите останати натпреварувачки собраа под 90 поени, а во топ 5 се пласираа уште Анастасија Новосад (89,53) и Даниел Скот (89,18).
Во машка конкуренција, по вторпат во низа славеше Русинот Максим Буров (123,08), кој ја запиша единаесеттата победа во кариерата.
На втората позиција се пласираше Кинезот Џиа Зонгјанг (122,57), додека Швајцарецот Ное Рот (121,27) се закити со бронза по вторпат во два дена.
Пласманот во првите пет го комплетираа Казахстанецот Шерзод Хаширбајев (118,14) и Џастин Шонефелд (117,26).