Младата Лара Иванова по одличната „Полудена по тебе“, овојпат со уште една нова модерна песна. Нејзиниот наслов е „Некогаш ќе помине“.
Музиката и аранжманот се дело на композиторот Иле Спасев, додека пак текстот е на Робин Зимбаков.
Спотот за оваа песна е дело на Горан Симјаноски. Видеото се снимаше на неколку локации во Скопје, а во него младата Лара се појавува во креации на дизајнерката Ива Спасовска, Зои Блаж беше задолжена за шминката, а за фризурата се погрижи Social Hair Salon.