Нашата најдобра атлетичарка на средни и долги патеки и стандардна репрезентативка Адријана Поп Арсова е подготвена за својот настап на светското првенство во полумаратон кое ќе се одржи во Гдиниа, Полска на ден 17.10.2020 година.
Според програмата најпрво стартуваат дамите во 11.00 часот, додека мажите се во 12.30 часот.

Ќе се трчаат 4 круга по 5.250м со уникатен финиш на доста студено време.Да и посакаме многу успех на Адријана и достоен репрезент на својата татковина Македонија.
Извор: Facebook профил на Igor MC Jakimovski



