На првата трка од Светскиот куп во биатлон во женска конкуренција, одржана во Остерсунд, Шведска, триумфираше Маркета Давидова (42:43,5) по третпат во кариерата.
Чешката скијачка беше единствена со 20/20 погодени мети, односно за една повеќе од двете најблиски конкурентки – Лиза Тереза Хаузер (+1:17,7) и Денизе Херман (+1:23,0).
Најдобропласирана натпреварувачка со два погодоци беше Динара Алимбекава (+1:46,0) на четвртото место, а најдобриот пласман во кариерата го израмни петтата Улијана Каишева Нигматулина (+2:04,0).
Во машка конкуренција, осмата победа ја запиша Стурла Холм Лагреид (51:04,0) пред неговиот сонародник, Тарјеи Бо (+59,2) и Симон Дестио (+1:00,6).
Во продолжение, под две минути заостануваа Скот Гоу (+1:26,8), Јоханес Тингнес Бо (+1:28,5), Сиверт Гуторм Бакен (+1:29,4) и Едуард Латипов (+1:36,5).