На денешната програма од Светскиот куп во крос-кантри беа првите овосезонски тимски трки.
Кај мажите, вкупно четири селекции, односно по две од Норвешка и од Русија, се наоѓаа во неполни две секунди пред целната линија.
На првото место заврши Норвешка 1 (Ерик Валнес, Емил Иверсен, Симен Хегштад Кругер и Јоханес Клебо) пред Русија 2 (Александер Теренцев, Илја Семиков, Артјом Малцев и Сергеј Устиугов).
Подиумот го комплетираше Норвешка 2 (Паал Голберг, Мартин Левстром Нингет, Ханс Кристер Холунд и Харалд Остверг Амундсен), а без медал остана првата селекција на Русија (Алексеј Червоткин, Александер Болшунов, Денис Спитсов и Иван Јакимушкин).
Во женска конкуренција, ситуацијата беше доста слична, со оглед дека првите три репрезентации се наоѓаа во само 1,2 секунди.
На победа се радуваа Русинките (Јулија Ступак, Наталија Непрјаева, Татјана Сорина и Вероника Степанова) за првпат после 2004 година.
Од друга страна, пиедесталот го сочинуваа уште Шведска (Ема Рибом, Фрида Карлсон, Еба Андерсон и Моа Олсон) и Норвешка (Тирил Уднес Венг, Хајди Венг, Терезе Јохауг и Хелен Мари Фосесхолм).