
Со синоќешната победа од 1-2 после пенали, Далас Старс триумфираа во Њујорк против Ајлендерс за првпат после 2018.
На мечот, двата гола во регуларниот дел паднаа во првите тринаесет минути, кога Старс поведоа преку Џејсон Робертсон, а за домаќините израмни Андерс Ли.
Во пенал-серијата, единствен прецизен хокеар беше гореспоменатиот Робертсон, кој му донесе нови два поени на тимот од Тексас.
Во Западната конференција, Далас изби на првото место, додека Ајлендерс се деветти на Истокот.