
Локомотив Јарослављ ја заврши својата турнеја на далечниот Исток со пет од максимални шест освоени бодови.
Во третиот ,,источен” дуел, претставниците на Западната конференција го совладаа Амур Хабаровск со 1-3.
Гостите поведоа со 0-2 во втората третина, кога во интервал од пет минути, мрежата на Јевгени Аликин ја затресоа Александер Полунин и Артур Кајумов.
На стартот на третиот дел, ,,Тигрите” го преполовија својот дефицит преку Иван Николишин, а конечниот резултат го постави Иван Чехович.
На Западот, Локомотив скокна на третото место, а Амур остана на осмата позиција во Источната конференција.




