Денвер Нагетс ги поразија Њујорк Никс по осми пат во низа на меѓусебните дуели, откако синоќа славеа со 99-113.
Нагетс имаа целосна контрола над резултатот, а до двоцифрена предност дојдоа уште во втората четвртина.
Најефикасен поединец на мечот, а воедно и единствен со дабл-дабл учинок, беше Никола Јокиќ со 32 поени и со 11 скокови.
Кај Никс, Џулиус Рендл уфрли 24 кошеви, а уште 15 додаде Еван Фурние.
Во Источната конференција, Њујорк (11-12) го зазема единаесеттото место, додека Денвер (11-11) е седми на Западот.