Првото екипно натпреварување од новата сезона на Светскиот куп во ски скокови заврши во рацете на Австрија.
Оваа европска селекција беше најдобра и во двете серии во Висла, а за неа настапија Мануел Фетнер, Јан Херл, Штефан Крафт и Даниел Хубер.
Домашната репрезентација, Полска (Пјотр Жила, Андржеј Стекала, Давид Кубацки и Камил Штох), беше втора после првата серија, но драстично потфрли во втората и мораше да се задоволи со четвртата позиција.
Маркус Ајзенбихлер, Карл Гајгер, Штефан Лаје и Пиус Пашке им го донесоа на Германците второто место, а подиумот го комплетираше Словенија, односно Петер Превц, Цене Превц, Тими Зајц и Анже Ланишек.