
Синоќа, Денвер Нагетс славеа со 103-114 над Минесота Тимбервулвс и на тој начин дојдоа до единаесеттата меѓусебна победа во низа.
На мечот, резултатот постојано беше во полза на Денвер, но сепак пружи доза на изедначеност.
Кај Нагетс, Никола Јокиќ (31 поен и 14 скокови) и ЏаВејл МекГи (12 поени и 13 скокови) беа единствени кошаркари со дабл-дабл учинок.
Од друга страна, две двоцифрени статистики имаше Карл-Ентони Таунс (20 кошеви и 11 скокови), а поефикасен од него беше само Ентони Едвардс со 29 поени.
На Западот, Денвер (46-24) се наоѓа на четвртото место, додека Минесота (22-48) ја зазема тринаесеттата позиција.



