
Својот последен меч од регуларната сезона во Западната дивизија синоќа го одиграа Колорадо Аваланш и ЛА Кингс.
До осмата победа на последните девет пресметки стигна Колорадо, кој славеше со 5-1.
Убедливиот триумф на Аваланш им ја донесе и првата позиција на табелата, односно дуел со Ст. Луис Блус во првата фаза од плејофот.
Од друга страна, ЛА Кингс останаа без доигрување и со петтиот последователен пораз, мораа да се задоволат со шестото место.
Сепак, претставниците на Лос Анџелес поведоа преку Шон Вокер и на првата пауза заминаа со предност од 0-1.
Во втората третина, Колорадо упати 18 шутеви кон противничкиот гол и дури 5 од нив (27,78%) завршија во мрежата на Трој Гросеник.
Стрелци за победничкиот состав беа Тајсон Јост (х2), Пјер-Едуард Белмар, Јоонас Донској и Андре Бураковски.



