
Ипсвич се вклучи во борбата за директна промоција во Чемпионшип, откако запиша девет средби во низа без примен погодок.
Сепак, во четириесет и првото коло од Лиг 1, оваа низа беше прекината од Челтенам, кој избори реми од 1-1.
Стрелец на голот што го ,,скрши” отпорот на Кристијан Волтон беше најдобриот играч за месец март – Алфи Меј (84′).
Пред него, почетна предност на гостите им донесе Конор Чаплин (64′) со третиот погодок на последните три пресметки.
На табелата, Ипсвич го зазема третото, а Челтенам – шеснаесеттото место.