
По почетниот пораз од Авангард Омск, актуелните вицешампиони, ЦСКА Москва, ги отворија победничките патеки со триумф од 3-2 над Динамо Рига.
Русите поведоа во воведниот дел на втората третина преку Михаил Григоренко, а само две минути подоцна, во интервал од 46 секунди, гостите од Летонија поведоа со 1-2.
За составот на Сергеј Зубов, во листата на стрелците се запишаа Николајс Јелисејевс и Хантер Шинкарук, кои стрелаа за првпат сезонава.
Во третата третина, со пауер-плеј голот на Антон Слепишев, ЦСКА израмни на 2-2, а пресвртот на домаќините го комплетираше Сергеј Андронов на две минути до крајот, во момент кога неговиот тим беше со играч помалку на теренот.



