
Екипата на Вимблдон го совлада Оксфорд Јунајтед со 3-1 во рамките на шестото коло од Лиг 1 и на тој начин ја запиша втората овосезонска победа.
Во првото полувреме Оксфорд беше доминантен состав, а добрата игра ја круниса Марк Сајкс (45+1′), кој користејќи ја грешката на дефанзивецот Ентони Хартиган им донесе почетно водство на гостите.
Вториот дел се одвиваше во спротивната насока, односно на теренот, иницијативата ја презедоа домаќините од Лондон.
Најпрво, со првиот гол на средбата, Џек Рудони (55′) израмни на 1-1, а целосниот пресврт го комплетираше Вилијам Најтингејл (78′).
Само три минути подоцна, Рудони (81′) се запиша по третпат во листата на стрелците оваа сезона и го постави конечниот резултат.
На табелата, Оксфорд Јунајтед остана на седмото место, додека Вимблдон скокна на десеттата позиција.



