
ЦСКА Москва направи ,,брејк” и дојде до почетно водство од 1-0 во финалето на КХЛ против Металург Магнитогорск.
Во првиот меч, претставниците на главниот град на Русија триумфираа на гостински терен со резултат од 1-3.
Во израмнет дуел, ЦСКА дојде до водство од 0-2 на стартот на втората третина, а стрелци беа Сергеј Андронов и Никита Нестеров.
До доаѓањето на втората пауза, Максим Карпов го преполови заостатокот на Металург, а во финишот на мечот, на празна мрежа, конечниот резултат го постави Сергеј Плотников.