
Во финалето на овогодинешниот Белгиски куп, екипата на Гент го совлада Андерлехт после пенали.
За момците од ,,Геламко Арена”, ова беше четврта куп титула во историјата, односно прва после сезоната 2009/10.
Гент дојде до конечен триумф, откако беше подобар во изведувањето на единаесеттерците со 4-3, а после два часа игра, резултатот гласеше 0-0.
Во пенал-серијата, голови за победничкиот состав постигнаа Јулиен Де Сарт, Андреас Ханке-Олсен, Алесио Кастро-Монтес и Дарко Лемајиќ, а промаши само Микаел Нгаду.
Освен стрелците, протагонист во победата беше и голманот Дави Роеф, кој ги одбрани последните два удари на Андерлехт, изведени од Џош Кален и од Мајкл Муриљо.