Московското дерби помеѓу ЦСКА и Спартак се игра во рамките на осмина-финалето на КХЛ.
ЦСКА беше првопласиран тим во регуларната сезона и после два плејоф натпревари, веќе ја оправдува фаворитската улога, стекнувајќи вкупна предност од 2-0.
Имено, денес армискиот состав славеше над Спартак со убедливи 5-1.
Во првата третина немаше ниту еден погодок, а резултатот го отвори Андреј Локтионов во третата минута од вториот дел, носејќи им предност на номиналните домаќини.
Дмитри Вишневски успеа да израмни на 1-1 за Спартак после четиринаесет минути игра, а до наредната пауза, Клас Далбек повторно им ја врати предноста на ,,Армејците”.
Во третиот период, Максим Шалунов, Брендан Лајпсик и Максим Мамин ја затресоа мрежата на Јулиус Худачек, за конечен триумф на ЦСКА.
📸 Twitter: Spartak Moscow