Футсал репрезентацијата на Македонија направи голем подвиг и одигра реми како гостин со Србија 1:1 во рамки на квалификациите за Европското првенство. Прва на мечот поведе Србија преку Пршиќ во 3. минута, додека конечните 1:1 ги постави Крстевски во 9. минута.
Македонија со ова реми останува во игра за едно од местата кои водат на ЕП. Ова е второ реми по ред за нашиот национален тим по она со Романија. Следниот меч за футсалците е против Србија, во Скопје, на 9 март.