Екипите на Истра 1961 и на Шибеник го отворија 24. коло од хрватската прва фудбалска лига на најефикасен можен начин.
Имено, Истра накрај славеше со 3-2 во неверојатен натпревар.
После првото полувреме, Шибеник имаше предност од 0-1, благодарение на голот на Емир Сахити (44′).
Во вториот дел, во интервал од девет минути, домаќините стекнаа капитална предност од 3-1.
Најпрво, Шиме Гржан (55′) погоди од пенал, а после него, мрежата на Недиљко Лабровиќ ја затресоа резервистот Антонио Иванчиќ (57′) и Таичи Хара (63′).
До крајот, гостите ја презедоа иницијативата, но успеаја само да го намалат својот заостаток преку Марко Булат (75′).
На табелата, Истра останува на дното со три бодови заостаток во однос на сигурните позиции, додека Шибеник го држи шестото место.
📸 Facebook: HNK Šibenik (Arhiva)