
Сè до денес, Чикаго Блекхокс имаа серија од четири порази, додека Отава Сенаторс се наоѓаа во низа од пет последователни триумфи.
Сепак, на меѓусебните дуели, Чикаго ја продолжи својата победничка форма, која трае уште од 2018.
Имено, со победата од убедливи 5-0, Блекхокс дојдоа до седмото славје по ред против своите ривали од Канада.
Домаќините постигнаа по еден гол во непарните и три гола во втората третина.
Двоен стрелец за Блекхокс беше Сет Џонс, а по еднаш реализираа уште Филип Курашев, Џејсон Дикинсон и Лукас Рајхел.
Помеѓу стативите на победничкиот состав стоеше Алекс Сталок, кој со 35/35 одбрани, дојде до третиот шут-аут во сезоната.
Во Источната конференција, Отава падна на десеттата позиција, додека Чикаго е последен на Западот.