недела, март 26, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

„Трка на Поезијата“ по третпат во Струга

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
март 7, 2023
📁 Останато

Струга оваа година ќе го организира третото издание на „Трка на Поезијата“. Атлетскиот клуб „Спортски Мостови“ на 21 мај 2023 година ќе организира градска атлетска трка на 10км од натпреварувачки карактер и рекреативна трка на 5км.

На второто издание кое броеше повеќе од 1100 учесници на сите трки учествуваше и Дарио Ивановски, балканскиот шампион на 3000 метри, кој воедно постави нов рекорд на патеката истрчувајќи ја за 30 минути и 31 секунда. Заедно со Билјана Кираџиева во женска конкуренција се двајцата наши победници на 10 километарската трка, второто место припадна за Атанас Анчевски и Миљана Ристиќ, додека на третото место се пласираа Димитар Петровски и Весна Кираџиева на манифестацијата „Трка на Поезијата“ што на 22 мај 2022 се одржа во Струга во организација на здружението „Спортски мостови“.

На пет километарската трка најбрз од мажите беше Кристијан Наумовски, а во женска конкуренција охриќанката Мери Шешо. Второто место им припадна на Григоријан Никовски и Билјана Сивева а трети беа Стојче Петровски и Бојана Наумовска.

„Мотивирани од првото издание каде професионалните тркачи и рекреативците ни ја пружија цела доверба од самиот старт на организирање ваков масовен настан, втората година влеговме со многу поголема самодоверба, со олеснување на рестриктивните мерки од пандемијата и истата несмеевме да ја губиме туку само да ја надоградуваме кај нашите учесници. Со многу љубов и желба успеавме да угостиме вкупно 1100 учесници на второто издание на сите трки. Голема благодарност до Општина Струга и сите институции, спонзори и помагатели кои безрезервно се вклучија во реализација на овој прекрасен атлетски настан во Струга кој полека израснува во еден од најзначајните настани во самата општина.“

Првата година во екот на пандемијата која го затвори целиот свет исто така беше и првенче на Здружението за унапредување на спортот во Струга „Спортски Мостови“. Првото издание се одржа на 23 мај 2021 година и низ улицие на Струга трчаа вкупно 623 учесници на трките на 10км и 5км.

„Започнавме со пандемија и докажавме дека дисциплината и желбата за успех може да донесат одличен резултат за нас како организатори и за цела Струга. Успеавме да пречекаме и без никакви проблеми првата година да спроведеме настан достоен за Струга и за сите професионални и рекреативни атлетичари во Македонија, голема благодарност и до сите учесници од соседните земји од Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грција кои беа дел од првото издание. Цел тој успех не би бил без тркачите кои безрезерво учествуваа и придонесоа да имаме настан каков што имавме, најголема благодарност до сите 623 учесници кои учествуваа на првото издание“,

Победник на првото издание на 10 километарската трка беше Милош Ранчиќ во машка и Билјана Караџиева во женска конкуренција, втори беа Миомир Алексовски и Весна Караџиева, а третото место им припадна на Александар Караџиев и Сандра Арсовска.

Додека на 5 километарската трка прв беше Кристијан Наумовски во машка и Николина Милевска Вељановска во женска конкуренција, втори беа Стојче Петровски и Екатерина Куковска, а третото место им припадна на Атанас Епов и Славица Игнатовска.

„Ви благодариме за пружената доверба во последните две изданија и се надеваме дека ќе се дружиме и оваа година, а ние како домаќини Ви ветуваме уште повеќе забава и професионалност“ – додаде Марјан Туртуров.

ShareTweet
Претходна вест

Северстаљ го искористи домашниот терен за водство против ЦСКА Москва

Следна вест

(ВИДЕО) Чикаго остана ,,кошмар” за Отава и покрај лошата форма

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

(ВИДЕО) Филаделфија со шут-аут го надигра Детроит
Останато

(ВИДЕО) Филаделфија со шут-аут го надигра Детроит

✏️ Епов Насе
26/Мар/2023
Два од два за Австрија на екипните натпреварувања од Светскиот куп
Останато

Два од два за Австрија на екипните натпреварувања од Светскиот куп

✏️ Епов Насе
25/Мар/2023
(ВИДЕО) КалПа обезбеди ,,мајсторка” против Пеликанс за полуфинале
Останато

(ВИДЕО) КалПа обезбеди ,,мајсторка” против Пеликанс за полуфинале

✏️ Епов Насе
25/Мар/2023
(ВИДЕО) Локомотив намали на вкупни 3-2 против ЦСКА
Останато

(ВИДЕО) Локомотив намали на вкупни 3-2 против ЦСКА

✏️ Епов Насе
25/Мар/2023
Следна вест
(ВИДЕО) Чикаго остана ,,кошмар” за Отава и покрај лошата форма

(ВИДЕО) Чикаго остана ,,кошмар" за Отава и покрај лошата форма

Последно

(ВИДЕО) Џилингем го порази Карлајл во последните мигови од натпреварот

(ВИДЕО) Стокпорт го остави Свиндон без ниеден шут

(ВИДЕО) ,,Петарда” на Ексетер против Акрингтон Стенли

(ВИДЕО) Филаделфија со шут-аут го надигра Детроит

Бромли го ,,среди” Јеовил по вторпат во два месеци

Два од два за Австрија на екипните натпреварувања од Светскиот куп

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.