Њу Орлеанс Сеинтс, во првата рунда од плејофот, ги добија за противници Чикаго Берс, кои како седмопласирани изборија доигрување.
Сеинтс на одличен начин го искористија домашниот терен и ја оправдаа фаворитската улога со триумфот од 21-9.
На средбата, ,,Светците” испишаа клупска историја со најмалку примени поени на еден плејоф натпревар.
За Чикаго, единствени поентери беа шутерот Каиро Сантос и тајт-ендот Џими Греам.
Од друга страна, за Сеинтс поентираа Мајкл Томас во првата, Латавиус Мареј во втората и Алвин Камара во третата четвртина, придружени со трите екстра-поени на Вил Латц.
Во конференциското полуфинале, Сеинтс ќе ги пречекаат Тампа Беј Баканирс, а ЛА Ремс ќе гостуваат на ,,Лембо Филд” кај Грин Беј Пекерс.
📸 AP Photos
Во соработка со НФЛ Македонија



