Голем број на ракометни ѕвезди го откажаа учеството и настапот за своите репрезентации на Мундијалот во Египет откако ја слушнаа веста дека на трибините ќе има публика од 20 % на капацитетот од салите.
Ракометарите сметаат дека им е загрозено нивното здравје и дека подобро е да го откажат настапот отколку да ризикуваат. На сето ова првиот човек на ИХФ, Хасан Мустафа одговори дека ќе се разгледа барањето и дека ќе пушти соопштение за конечната одлука. Па сега зависи од Мустафа дали ќе има нови повлекувања или ќе гледаме Мундијал со силни репрезентации.



