По вторпат во низа на меѓусебните дуели во Лос Анџелес, ЛА Чарџерс загубија од Канзас Сити Чифс после продолжение.
Синоќа, во увертирата на петнаесеттото коло од тековната НФЛ сезона, Чифс беа подобри од дивизиските ривали со конечни 28-34.
После три четвртини, Чарџерс водеа со 14-13, а во четвртиот квартал, двете екипи постигнаа по два тачдауни.
Во дополнителниот период, на Канзас му беа потребни само 75 секунди за да триумфира, благодарение на тајт ендот Тревис Келси.
Имено, Келси беше играч на мечот (191 јард и 2 тачдауни), заедно со Тајрик Хил (148 јарди и 1 тачдаун), а поени донесоа уште Клајд Едвардс-Хилер (конверзија за два поени) и шутерот Харисон Баткер.
Гостинскиот квотербек, Патрик Махоумс, беше неверојатен со вкупно 442 освоени јарди, со 3 уфрлени тачдауни и со еден пресечен пас.
На спротивната страна, Џастин Херберт освои 236 јарди од 22/38 прецизни обиди и со биланс од 3-1 помеѓу тачдауни и пресечени додавања.
Од неговиот тим, освен неговото трчање за шест поени, во листата на стрелците се запишаа уште Остин Екелер, Кинан Ален и Џејлен Гајтон.
Во АФК, Канзас Сити (10-4) стана првата екипа со двоцифрен број на победи и изби на врвот, додека Чарџерс (8-6) го заземаат петтото место.
Во соработка со НФЛ Македонија