Салават Јулаев од Уфа, денес, го запишаа четвртиот пораз на последните шест средби, откако, после продолжение, беа поразени од Барис Нур-Султан со 2-3.
Поразениот состав, во втората третина, стекна навидум капитална предност од 2-0, со головите на Шакир Мухамадулин и на Александер Алексејев.
Сепак, казахстанските претставници израмнија во последниот период благодарение на Максим Мусоров (прв гол во КХЛ) и на Дарен Дитц, а во продолжението, после само дваесет и пет секунди, Роман Старченко им го донесе и посакуваниот триумф.
Со овој пораз, Уфа падна на петтото место на Истокот, додека Барис и покрај триумфот, ја зазема деветтата позиција.



