Аргентина ги започна квалификациите во Јужна Америка и во првото коло го совладаа Еквадор со минимални 1:0. Второто коло ,,Гаучосите” гостуваат на Боливија и тоа во градот Ла Паз на надморска височина од 3600 метри.
Боливијците ретко кога губат на домашен терен, па селекторот на Аргентина, Лионел Скалони изјавува дека противникот тешко се добива на нивни терен не поради квалитетот на репрезентативците туку поради надморската височина. Боливија на последните 26 натпревари одиграни на домашен терен има 11 победи 7 порази и 8 нерешени.